Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Скопје денеска македонската и бугарската комисија по долго време ги отвораат „жешките“ теми

Во Скопје денеска македонската и бугарската комисија по долго време ги отвораат „жешките“ теми

Мешивитиот комитет од билатерални мултидисциплинарни комисии за историски и образовни прашања денеска и утре во Скопје за прв пат по 10 месеци пауза повторно започнуваат да работат непосредно на исполнувањето на Договорот за добрососедство помеѓу Македонија и Бугарија.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи по посетата на Бугарија објави демант  дека соседот бара нов Договор за добрососедство по примерот на грчкиот. Шефот на македонската дипломатија објави дека билатералните комисии по подолго време ќе се состанат и тоа во Скопје.

„Околу односите со Бугарија, и мојата посета, сакам да истакнам: нема нов Договор, туку има засилување на меѓусебната комуникација на повеќе нивоа. Притоа отворено разговараме за сите прашања кои произлегуваат од Договорот за пријателство; ги преземаме сите чекори за да им обезбедиме на Комисиите непречена работа, за што испративме јавна благодарност за нивниот досегашен резултат, како и охрабрување за интензивирање на нивната работа. Впрочем, Мешовитата експертска комисија веќе утре и задутре ќе одржи средба во Скопје, што ќе претставува уште еден чекор кон исполнување на обврските од договорот.“, напиша Османи на Фејсбук.

Десетата средба на историчарите и експертите продолжува во затегната атмосфера, откако Софија постави нови услови за Скопје пред земјите-членки на ЕУ, меѓу кои за потеклото на јазикот и нацијата. Премиерот Зоран Заев вчера го повтори ставот дека македонскиот нардо треба да биде подготвен и на сценариото земјата да не ги отпочне преговорите со ЕУ до крајот на годината.

Сепак македонскиот државен врв останува цврсто на ставот дека јазикот и националната припадност, односно идентитетските прашања, не смеат да се оспоруваат во 21 век.

На последните три средби на билатералните комисии не беше постигнат напредок, особено не по прашањето за статусот на Гоце Делчев. Македонската страна очекува да се разговара за повеќе теми но и да се затвори дискусијата околу препораките за македонските учебници по историја за седмо одделение.

-Покрај вообичаените теми, учебниците за историја и предлог идеите за заедничко одбележување на историски личности и настани, Комисијата ќе дискутира и за теми и прашања кои во изминатиов период претставуваа пречка во работата или, пак, причина работата на Комисијата и нејзиниот академски и експертски карактер да бидат политизирани“, гласи најавата на македонскиот тим на Комисијата.



Слично

Поврзани вести