Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во швајцарско село застрелан убиецот на Дилавер Бојку Леку?

Во швајцарско село застрелан убиецот на Дилавер Бојку Леку?

Во Швајцарија е ликвидиран убиецот на Дилавер Бојку Леку, пишуваат швајцарските медиуми. Тие пренесуваат дека станува збор за крвна одмазда и нетрпеливост помеѓу две непријателски македонски семејства. 

Во малото швајцарско село Рути, на 25 овој месец, ноќта околу 2 часот, со неколку истрели е убиен сопственикот на ресоранот „Барен“ И.Истрефи, по потекло од Струга за кој швајцарските власти сметаат дека е лицето кое наводно го убило познатиот струшки криминалец Дилавер Бојку, објави швајцарски Блиц.

Се верувало дека Истрефи го убил Дилавер Бојку Леку, чиј брат и син во 2015 година го убиле едниот син на Истрефи на возраст од 23 години, а го раниле помалиот син кој тогаш имал 18 години на патот кон Горна Белица.

Во август 2017 година, Леку беше убиен во Струга. Тој е познат како осуденик за нелегална проституција во селото Велешта,  Струшко. Беше убиен на плажа во Струга пред својата кафеана во близина на старата автобуска станица. 

Слично

Поврзани вести