Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Шуто Оризари спречени обиди за сугестии и семејно гласање

Во Шуто Оризари спречени обиди за сугестии и семејно гласање

Изборите во општина Шуто Оризари се одвиваат мирно без поголеми нерегуларности, освен тоа што избирачкиот одбор забележал обиди за сугестии врз гласачите како и обиди за семејно гласање, но истите се успешно спречени,  

На избирачкото место 2961, според Музафер Бајрами, претседателот на избирачкиот одбор, гласале 147 од 676 гласачи во избирачкиот список, а на гласачкото место 2961/1, според Елиф Хајдар, гласале 126 од 595 гласачи.

- Обиди имаше, но ние ги спречивме - вели Хајдар.


Слично

Поврзани вести