Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВО ШТО СЕ ВОЗИМЕ ВО ЈАВНИОТ ПРЕВОЗ - над 30 автобуси и такси комбиња „фатени“ со неисправни уреди за запирање

ВО ШТО СЕ ВОЗИМЕ ВО ЈАВНИОТ ПРЕВОЗ - над 30 автобуси и такси комбиња „фатени“ со неисправни уреди за запирање

Во какви возила на јавниот превоз се возиме, е прашањето што сериозо се наметнува, откако МВР соопшти за резултатите од последните контроли што ги направиле кај нашите превозници. 

Тие покажале дека дури 41 од возилата биле технички неисправни, и тоа најмногу од визилата имале расипани сопирачки!!!

„Во текот на вчерашниот ден (30.08.2021) Министерството за внатрешни работи на територијата на Република Северна Македонија спроведе зајакната акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на патници (автобуси, такси комбиња и други). Притоа, биле откриени и санкционирани 41 технички неисправни возила, кои биле соодветно санкционирани. Најголем број од возилата имале неисправни уреди за запирање, а седум не извршиле вонреден технички преглед“, се вели во соопштението од Министерството за внатрешни работи.

Слично

Поврзани вести