Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВО ШТИПСКО НОВО СЕЛО: Откриен е споменик на Тодор Александров

ВО ШТИПСКО НОВО СЕЛО: Откриен е споменик на Тодор Александров

Во штипско Ново село по повод 100 годишнината од загинувањето за Тодор Александров, македонски политички водач, војвода и еден од водачите на ВМРО е подигнат споменик, а иницијативата дојде од патриотското здружение „Мише Развигоров“ за што позитивно се изјасни и советот на локалната самоуправа.

„Целта на убиството на Тодор Александров била да згасне идејата за независна суверена Македонија. Ние,  после сто години од неговата смрт го продолжуваме неговото дело преку поставување на ова спомен обележје. Нека му е вечна славата, нека продолжи борбата за Македонија“, изјави штипскиот градоначалник Иван Јорданов.

За Александар Пандов, претседател на Патриотскиот институт „Гоце Делчев“ на ВМРО ДПМНЕ Тодор Александров е еден од најголемите Македонци, и е рамо до рамо со Гоце Делчев.

„Тој е еден од најголемите Македонци, а јас секогаш велам дека Тодор Александров е рамо до рамо со  Гоце Делчев. Срамота е што досега не сме го направиле ова. Но, сакам да искажам голема благодарност до градоначалникот на Штип Иван Јорданов што сега го имаме Тодор Александров во Ново Село во местото на неговото раѓање,“ рече Пандов на церемонијата на отворање на споменикот.

Тодор Александров е роден во Ново Село, на 4 март 1881, а умрел во Сугарево, на 31 август 1924 година. 

фото Фејсбук/Александар Пандов

Слично

Поврзани вести