Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во штипските градинки престојот за децата на самохрани родители ќе биде бесплатен

Во штипските градинки престојот за децата на самохрани родители ќе биде бесплатен

Градоначалникот на Штип, Благој Бочварски, промовираше мерка со која се обезбедува бесплатен престој во детските градинки за децата на самохрани родители.

„Зборот е збор! Во предизборната кампања најавивме дека децата на самохраните родители во општина Штип ќе посетуваат градинка бесплатно. Тоа денеска го овозможуваме заедно со двете градинки во општина Штип „Вера Циривири – Трена“ и „Астибо“.Општина Штип заедно со двете детски градинки им овозможува на 52 дечиња што ги посетуваат моментно овие две градинки да имаат бесплатен престој“, изјави градоначалникот Бочварски.

Со програмата за социјална, детска и здравствена заштита за 2018 година за оваа активност од Советот на општина Штип се издвоени 1.080.000 денари. За новата локална власт приоритет е решавањето на проблемите и потребите на граѓаните .

Слично

Поврзани вести