Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Штип има девет позитивни ученици и 78 во изолација

Во Штип има девет позитивни ученици и 78 во изолација

Во училиштата во Штип досега девет ученици се позитивни на коронавирусот. 

Во штипското медицинско училиште „Јане Сандански“ денеска е регистриран еден ученик позитивен на вирусот, а епидемиолозите во изолација испратија уште пет ученици. Директорката на Центарот за јавно здравје-Штип, Марија Димитрова информираше дека со новиот случај до денеска во штипските основни и средни училишта потврдени се вкупно девет ученици позитивни на Ковид 19, а во изолација се вкупно 78 ученици.

Два кластери на заразени од Ковид-19 се регистрирани во едно основно и средно училиште и еден во градинка во Струмица.

Слично

Поврзани вести