Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВО ШТИП ИМА 30 САНТИМЕТРИ СНЕГ, НА ПОПОВА ШАПКА 70: Утре нов снег, а температурите низ цела Македонија под 0 степени

ВО ШТИП ИМА 30 САНТИМЕТРИ СНЕГ, НА ПОПОВА ШАПКА 70: Утре нов снег, а температурите низ цела Македонија под 0 степени

Снежниот бран во Македонија ќе продолжи и во текот на претстојната ноќ, како и утре (понеделник). Но, до 16 часот од градовите највисока снежна покривка има во Штип, и тоа 30 сантиметри, додека од Скијачките центри скоро 70 сантиметри снег има на Попова Шапка.

Температурите денес речиси насекаде се задржаа под нулата, а на планинските  и Скијачките центри максималните температури се движа дури до близу -10 степени. 

На табелата можете да ги погледнете денешните температури измерени по градови и места во Македонија до 16 часот попладнево, и тоа на мерните станици на УХМР.

Исто така на табелата може да видите  и колкава е снежната покривка до 16 часот во градовите низ Македонија.

фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Слично

Поврзани вести