Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Штип и Берово делеле пропагандни летоци против СДСМ, МВР ги бара сторителите

Во Штип и Берово делеле пропагандни летоци против СДСМ, МВР ги бара сторителите

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека увидни екипи констатирале делење на летоци со пропагандна содржина против политичката партија СДСМ во колективни објекти за домување во Штип, а исти такви биле расфрлани низ улиците на Берово.

„На  26.11.2015 година во 10,00 часот во Штип,  на ул.„5та Партиска Конференција“ во влезовите од зградите по вратите и во поштенските сандачиња биле оставени летоци со пропагандна содржина против политичката партија СДСМ. Од страна на полициски службеници од ОКТУПА местото е фотографирано и земени се примероци.

На 26.11.2015 година во времето од 22.00 до 23.00 часот во Берово на улиците „Маршал Тито“, „23-ти Август“, „Димитар Влахов“, „Моша Пијаде“ и „Партизанска“, при вршење на позорно – патролна служба од страна на полициски службеници од ПС од ОН-Берово пронајдени биле расфрлани поголем број на летоци со содржина против ПП СДСМ“, гласи во денешниот билтен на МВР.

Слично

Поврзани вести