Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во шест градови денес има по еден нов случај на коронавирусот

Во шест градови денес има по еден нов случај на коронавирусот

Во шест градови во Македонија денес има по еден нов случај на коронавирусот. 

Во Битола, Крива Паланка, Дебар, Делчево, Берово и Пробиштип има по 1 заразен. Денеска бројот на оздравени е поголем од бројот на заболени. Оздравени се 274  пациенти и  234 нови случаи на ковид-19. 

Досега во земјата се направени вкупно 523.726 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 103.020, бројката на оздравени пациенти е 91.507, на починати е 3.144, а бројот на активни случаи изнесува 8.369.

Заводот за статистика денеска официјално ги објави бројките за бројот на починати и родени во 2020. Сумирајќи ги резултатите од сите четири тромесечија, во текот на минатата година починале вкупно 25.049 граѓани. 

Тоа е за 25 отсто поголема бројка во однос на една година претходно, кога бројките од кварталите покажуваат 20.412 починати. 

foto freepik

Слично

Поврзани вести