Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВО ШЕНГИН НЕМА НИТУ СТРУЈА, МАКЕДОНСКИТЕ ТУРИСТИ СЕ ВО ПАНИКА: Ситуацијата е „апокалиптична“

ВО ШЕНГИН НЕМА НИТУ СТРУЈА, МАКЕДОНСКИТЕ ТУРИСТИ СЕ ВО ПАНИКА: Ситуацијата е „апокалиптична“


Доцна синоќа на социјалните мрежи, македонските граѓани кои се на одмор во албанскиот град Шенѓин, објавија дека немаат струја и дека веќе ги фаќа паника, бидејќи немаат никакви информации ниту насоки што да прават. 

„Гори од сите страни, се гасне и со хеликоптери но има премногу силен ветер. Сега останавме и без струја и незнаеме што да правиме “ вели една нашата туристка која е таму на одмор.

Други пак се колебаат дали воопшто да тргнат на одмор, бидејќи, како што велат се плашат за безбедноста.

Од МИА објавија дека состојбата е апокалиптична.

Апокалптична е ситуацијата во Шенѓин, каде пламените јазици не се смируваат, туку поради високите температури и силниот ветер се повеќе се распламтуваат, со проширување на површините под оган.

Досега изгореа кафеана и куќа на три ката, за среќа нема настрадани, но пламените јазици се повеќе се доближуваат до центарот на Шенѓин.
Евакуацијата на дел од туристите и жителите, почнал од синоќа на полноќ, а попладнево масовно го напуштат градот туристите. Поголемиот дел од градот е без електрична енергија.

-Долги редици автомобили, главно со странски туристи, се формираа попладнево во Шенѓин, кои во паника бегаат во обид да се спасат од апокалиптичната состојба со пожарите. Повеќе од 4 дена пожарите на планинскиот предел над Шенѓин продолжуваат да пустошат големи површини борова шуми и грмушки, додека денеска пламените јазици се доближија до хотелите и одморалиштата полни со туристи, наведуваат медиумите.
Стотици пожарникари од Лежа, Шенѓин и околните градови, потпомогнати од вооружените сили, полицијата, граѓани, работат на ставање под контрола на пожарите. Во гаснењето вклучени беа два авиона „Канадер“ од Италија, како и  по еден армиски и полициски хеликоптер, но ниту интервенцијата од воздух не помогна да се стабилизира состојбата.

Фото: Фејсбук/ принтскрин



Слично

Поврзани вести