Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во село Гари ќе се гради фабрика за полнење вода

Во село Гари ќе се гради фабрика за полнење вода

 Kамен-темелник  ќе биде поставен утре за изградба на фабрика за полнење вода, vо близина на дебарското село Гари.

Инвестицијата е на корпорацијата „Мали Лошињ“,составена од компаниите „Мл-Гари“, „Мл-Ничипур“ и „Мл-Каратаж“, кои се занимаваат со експлоатација на вода и камен.

Околу 6 милиони евра се очекува да биде инвестицијата во фабриката, а бројот на вработени 35. Производството на флаширана вода треба да почне во летниот период следната година.

Инвеститорот ја најави изградбата на фабриката откако минатата година од Министерството за економија доби лиценца за експлоатација на подземни води. Дозволата за експлоатација ја доби компанијата Мл-Гари.

Слично

Поврзани вести