Во седум градови нема заболени од коронавирусот
Во седум градови во земјава нема заболени од коронавирусот. Расте бројот на општини каде нема активни случаи.
Во Кавадарци, Берово, Пробиштип, Богданци, Демир Капија, Пехчево и Дојран немаат заболени.
Во последните 24 часа се направени 2.885 тестирања, а регистрирани се 20 нови случаи, има 30 оздравени и 2 починати.
Досега во земјата се направени вкупно 826.661 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.507, бројката на оздравени пациенти е 149.612, на починати е 5.470, а бројот на активни случаи изнесува 425.
Министерот за здравство, Венко Филипче очекува дека ќе имаме мирно лето.
Слично
