ВО СДСМ ЌЕ ИМА КАДРОВСКО ОСВЕЖУВАЊЕ: Еве што најави Филипче
Лидерот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, во денешното интервју во емисијата „Директно“ на телевизија Телма, најави кадровско освежување во партијата.
Тој посочи дека на вечерашниот Извршен одбор на СДСМ, ќе побара оставка од членовите и на следниот Централен одбор, ќе се избере новиот состав на ИО.
„Ги бараме најдобрите луѓе, луѓе коишто имаат најдобар капацитет за да ја спроведат програмата којашто сметам дека граѓаните и тоа како ја заслужуваат. Веќе разговарав со добар дел од луѓето, не би шпекулирал со имиња меѓутоа не станува збор за целосна смена, туку за парцијално освежување на тимовите и во делот на раководството на партијата на ниво на потпретседатели и во делот на Извршниот одбор“, рече Филипче.
Тој посочи дека резултатот од локалните избори е мотив за напорна и интензивна работа во следниот период.
фото Фејсбук/Венко Филипче
