Во Сарај поранешните војници на ОНА нема да плаќаат комуналии
Поранешните војници на ОНА во Oпштина Сарај ослободени од комунални давачки.
Сите поранешни војници на Ослободителната народна армија (ОНА), кои се жители на Oпштина Сарај, се ослободени од комуналните давачки на ЈКП „Сарај”, во општина Сарај, одлучил денеска Советот на Општина Сарај. Ваквата одлука, како што пишува „Тетова сот”, било предизборно ветување на градоначалникот Блерим Беџети.
Општина Сарај, ќе формира комисија за да ги регистрира сите поранешни војници на ОНА и ќе им ја соопшти одлуката одлуката дека се ослободени од комуналните давачки на ЈКП “Сарај”, во Oпштина Сарај.
фото Тетова сот
Слично
