ВО САМО ТРИ ЗБОРА, директорот на LinkedIn дава брилијантна лекција како да ги вработите вистинските луѓе
На неодамнешната конференција, директорот на LinkedIn Џеф Винер (Jeff Weiner) објаснил како компанијата бара сјајни луѓе. Тој вели дека во вработените бара страст и енергија, работна етика, истрајност, лојалност, желба за напредок, и го додава следново:
„Тоа се квалитети кои нужно не одат со степенот на образование, и кои често се занемаруваат кога луѓето ги гледаат работните биографии или LinkedIn профили. А повторно, неверојатно, сфаќаме дека ваквите луѓе најмногу и допринесуваат на нашата организација. Се повеќе слушам за ова мото: Вештини, а не дипломи. Вештините не ја исклучуваат дипломата. Само ни даваат поширока перспектива да одиме подалеку од дипломата.“
Значи, три зборови го менуваат целиот просец на вработување:
Вештини а не дипломи
„Некогаш се фалевме со тоа како вработуваме луѓе од најдобрите универзитети, и многу други компании работеа слична работа“, вели Винер и додава дека тој и неговиот тим набрзо сфатиле дека на тој начин сјајните таленти остануваат неоткриени.
Ласло Бок, авторот кој има бестселери и некогашен главен ХР во Гугл, објаснил за Њујорк Тајмс зошто во Гугл има се повеќе вработени кои немаат никакви (факултетски) дипломи:
„За две или три години, способноста за работа веќе не е во никаква врска со тоа какви сте биле во училиште, бидејќи вештините кои некогаш биле потребни во школо се менуваат. Исто така ви сте фундаментално поинаква личност. Учите и напредувате, размислувате за работите поинаку, заклучува Бок.
Јасно е дека Винер и неговиот тим одлучиле да им дадат шанса на талентирани, паметни, вредни, мотивирани луѓе кои можеби немале прилика и пари толку да се образуваат, туку биле принудени да работат и заработуваат свои пари. На нив сакаат да им дадат шанса, а можеби токму овие вработени им се покажале како добри на долги патеки.
