Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во сабота пренасочување на сообраќајот на улица Маџари

Во сабота пренасочување на сообраќајот на улица Маџари

Град Скопје ги известува граѓаните, дека од сабота (15.08.2015),  поради реконструкција и проширување на улица „Маџари“,  и тоа од крстосницата со улица „Јужноморавски бригади“ и улица „Антон Попов“ ( старо Методија Андонов Ченто) до крстосницата со улица„Финска“, ќе бидат пренасочени:

- Автобусите кои ја опслужуваат автобуската линија бр.„65В“, наместо по својата траса  улица „Маџари“ продолжуваат по улица „Антон Попов“ се пренасочуваат по улица „Финска“ и продолжува по својата траса.

- Автобусите на автобуската линија бр.„23 се движат по улица „Маџари“,се пренасочуваат по улица  „Финска“ и продолжуваат по улица „Антон Попов“ по својата траса.

Истите траси ќе се користат и во обратна насока.

При измена на трасите ќе се користат постоечките автобуски стојалишта

Се молат сите учесници во сообраќајот да се придржуваат на времено поставениот режим на сообраќај и брзината на возење да ја прилагодат на условите на патот.

Слично

Поврзани вести