Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Росоман не работел уред за биометриско скенирање, ќе се гласа до доцна

Во Росоман не работел уред за биометриско скенирање, ќе се гласа до доцна

 

Во гласачко место во Росоман ќе се продолжи гласањето за еден час и 50 минути, односно до 20.50 часот, затоа што требало да се замени уред за биометриска идентификација на отпечаток од прст кој воопшто не профункционирал сабајлето.

Ова го потврди за МИА, Ѓорѓи Крстевски, претседател на Општинска изборна комисија. Инаку до девет часот, во општината Росоман гласале 3,7 проценти од избирачите.

Во Росоман се бира меѓу тројца кандидати за градоначалник, како и за шест советнички листи. Во избирачкиот список има регистрирано 3 341 лице со право на глас. Се гласа на десет избирачки места.



Слично

Поврзани вести