ВО РОК ОД НЕКОЛКУ ДЕНА: Двајца македонски државјани учествувале во сообраќајки во Албанија
Македонски државјанин учествувал во сообраќајка во Албанија, каде загина едно лице.
Станува збор за тешка сообраќајна несреќа што се случила на патниот правец Елбасан – Пеќин, во која загина едно лице.
„На патниот правец Елбасан-Пеќин, кај селото Мурас, дошло до судир на три возила, автомобил „Шкода”, управувано од А.И. (45) жител на Кучово кај Берат, „Алфа Ромео” управувано од Н.Х., како и автомобил „Мерцедес” управуван од Р.Б., државјанин на Северна Македонија“, стои во полициското соопштение.
Во несреќата загинала Г.И. (43) жителка на Кучово, која била сопатник во „Шкодата”.
Со повреди се здобиле тројцата возачи на кои им е пружена потребна лекарска помош и тие се надвор од животна опасност.
Причина за несреќата, според првичните сознанија, е влажниот коловоз и неприлагодената брзина на движење.
Пред четири дена, на истиот патен правец во сообраќајка со возило „Мерцедес” учествувал македонскиот државјанин М.К. (38).
Во директниот судир со автомобил „Сузуки” кој го возел Х.Р (67) од Елбасан, загинал сопатникот во автомобилот, а со полесни повреди поминале лицата кои управувале со возилата.
