ВО РЕНЏ РОВЕР, ДРИН АХМЕТИ БИЛ ФАТЕН СО 749 ПИРОТЕХНИЧКИ СРЕДСТВА: МВР со детали за случајот
Полицијата вечерва го привела Дрин Ахмети, внук од брат на лидерот на владејачката ДУИ, Али Ахмети и косопственик на трговскиот центар „Соравија“.
Од МВР кратко информираа за случајот.
„Денеска (30.12.2023) во 19.50 часот на ул.„Самуилова“ во Скопје полициски службеници запреле патничко моторно возило „ренџ ровер“ со албански регистерски таблички, управувано од Д.А. (25) од с.Зајас-Кичево и при преглед на возилото се пронајдени 749 пиротехнички средства. Лицето е приведено во полициска станица и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок“ соопштија од полицијата.
ФОТО:Фејсбук
Слично
