Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ВО РЕКОРДНО ВРЕМЕ ВМРО-ДПМНЕ ГИ ПРЕДАДЕ ГРАЃАНИТЕ, ЕДНОСТАВНО КАТАСТРОФА“: Филипче вели надежта никогаш пократко не траела, му реплицираа од ВМРО-ДПМНЕ

„ВО РЕКОРДНО ВРЕМЕ ВМРО-ДПМНЕ ГИ ПРЕДАДЕ ГРАЃАНИТЕ, ЕДНОСТАВНО КАТАСТРОФА“: Филипче вели надежта никогаш пократко не траела, му реплицираа од ВМРО-ДПМНЕ

Во рекордно време, ВМРО-ДПМНЕ ги предаде граѓаните и ја изневери довербата која им ја дадоа. Надежта никогаш пократко не траела, напиша Венко Филипче на Фејсбук како реакција на договорот на ВМРО-ДПМНЕ со пратеници од Европскиот фронт за изгласување на законот за реорганизација на министерствата.

„Кампањата против ДУИ се претвори во дилови за гласање. Која е цената допрва ќе видиме.

Ветувањето за помала администрација се претвори во плус четири министерства, без никаква оправданост или дебата. Целта е повторно дил за поделба на власта.

Ветувањето за намалување на задолженоста се претвори во најава за земање кредит од милијарда евра. Допрва ќе видиме и зад ова каков дил се крие.

Ветувањето за подобри договори во меѓународната политика се претвори во отворање на веќе затворени проблеми и прашања. Едноставно катастрофа“, напиша Филипче.

На ова реагираа од ВМРО-ДПМНЕ.

„Венко Филипче чие средно име е ДИЛ е последниот во државата што може да говори за ДИЛОВИ.

Впрочем истиот Венко Дил Филипче, кој најдолг период раководеше со ресорот здравство е директно одговорен за неградењето на Клиничкиот центар и раскинување на договор за изградба иако буквално се беше реализано во однос на процедури до фазата - отпочнување со градба.“






Слично

Поврзани вести