Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во реконструирани училишта ќе учат 110.000 ученици

Во реконструирани училишта ќе учат 110.000 ученици
136 училишта од 51 општина на целата територија на Македонија реконструирани ќе ја започнат учебната 2013/2014 година, што ќе ги подобри условите за настава за 110.000 ученици. Министерството за образование и наука соопшти дека го продолжува Проектот за реконструкција на средни и основни училишта, со средства од државниот буџет и со заем од Банката за развој при Советот на Европа, која за целосно реновирање на десет основни училишта одобри  грант од 2 милиони евра и 1 милион евра за реновирање на шест средни училишта. Проектот опфаќа обнова на покривите на училишните згради, прозорците, санитарните јазли и подовите и инсталација на топловодно греење. - Се очекува веднаш по успешно спроведување на јавните набавки и потпишувањето на договорите со изведувачите и надзорот да се отпочне со градежните работи, а реконструираните основни и средни училишта да бидат комплетно подготвени за почетокот на новата учебна 2013/2014 година, соопшти Министерството за образование и наука.  
Слично

Поврзани вести