Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во раце на полицијата паднаа лица барани со потерница

Во раце на полицијата паднаа лица барани со потерница

Полицијата денеска приведе осум лица на подрачјето на Прилеп, кои се бараат по потерници, наредби од судови, затворски и други институции.

Притоа, од слобода се лишени осум лица за кои што Основниот суд Прилеп имал издадено наредба за нивно приведување и спроведување во соодветните Казнено поправни установи. 

„Oд слобода се лишени М.С. (31) осуден на казна од две години и шест месеци во КПУ Прилеп; Ј.С. (25) осуден на тримесечна казна во КПУ Прилеп; А.А. (37) седуммесечна казна во КПУ Идризово; С.М. (37) едногодишна казна КПУ Идризово; Б.Г. (37) седуммесечна казна КПУ Идризово; О.Е. (42) шестмесечна казна КПУ Прилеп; Б.Т. (67) шестмесечна казна - КПУ Прилеп и Ж.В. (43) исто така шестмесечна казна КПУ Прилеп“, информираат од МВР.


Слично

Поврзани вести