Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Пробишип нема доволно пожарникари, а тие што ги има не користат слободни денови, ниту пак годишни одмори

Во Пробишип нема доволно пожарникари, а тие што ги има не користат слободни денови, ниту пак годишни одмори

Рударскиот град Пробиштип се соочува со недостаток на пожарникари. Според стандардите, на секои 1000 жители треба да има еден пожарникар, а во Пробиштип има еден на секои 2.200 жители. Пожарникарите се соочуваат со вистински проблеми, тие не можат да ги користат слободните денови ниту пак годишните одмори. Се соочуваат и со неквалитетна опрема која го отежнува процесот на гаснење на пожарите.

- Не можеме да ги користиме слободните денови. Во овој момент имаме и забрана за користење на годишни одмори, се до оној момент кога ќе се пополни доволниот број на пожарникари во единицата- изјави Милан Терзиќ, командир на ТППЕ-Пробиштип. Најголем проблем кај нас е тоа што опремата која ја користиме на терен не ни е сигурна, на моменти закажува, така што останува само да се надеваме дека ќе се случи таа најавувана набавка на нова опрема-додава Терзиќ

Во зимскиот период нема многу интервенции на отворено, но се интервенира по домовите, во гаснење на запалени оџаци и електрични инсталации. На секој повик на 193 на пробиштипјани, Терзиќ вели дека и во редуциран состав, секогаш излегуваат на терен.


Слично

Поврзани вести