Во Приштина почина македонска државјанка која претходно доживеала сообраќајка
Македонска државјанка вчера почина во приштинската болница по сообраќајна несреќа.
Taa починала во Клиничкиот универзитетски центар на Косово, како последица на повредите здобиени во неодамнешна сообраќајна несреќа, јави дописникот на МИА од Приштина. Несреќата во која настрадала жената се случила на 3 јануари на националниот пат Приштина – Урошевац. По наредба на надлежен обвинител, телото на жената, за чиј идентитет нема податоци, е пренесено во Институтот за судска медицина за обдукција.
Слично
