Во Прилеп се трага по исчезната жена
Прилепчани трагаат по нивна сограѓанка која исчезна.
По Весна Николоска (50) од вчера се трага, откако претходната ноќ заминала од својот дом, и не се вратила. Таа била облечена во светли тренерки и темна јакна, и со себе не понела ниту мобилен телефон, ниту пак документи.
Во потрагата освен доброволци се вклучени и кучиња-трагачи. Се трага повеќе од 40 часа, а вклучени се околу 400 луѓе. Полицијата работи на случајот.
Слично
