На Пиво фест ќе пее Цеца, иако претходните години имаше критики за турбо фолкот
На Пиво фест во Прилеп оваа година ќе настапи српската пејачка Цеца Ражњатовиќ.
Првиот ден oд Пиво фест во Прилеп ќе го отворат Прилепски еснаф, потоа двете култните имиња во македонската традиционалната музика Селимова- Желчевски, гостите Ѓорѓе Давид и Ивана Негатив, а вечерта ќе ја затвори еден од најактивните рок бендови и најдобри Галија. Во петокот се Миле Кузманоски, Ален Хасановиќ и бендот Кантурови, а последна настап ќе има балканската ѕвезда Цеца Ражњатовиќ. Во сабота на што сум особено горд вечерта ќе ја отворат се The Houds, потоа е Влатко Стефаноски Трио, Фрајле и Тамара Тодевска. Последната вечер се The four, Кал бед, гостите од загреб Сања, Маринко и Зец од Нови Фосили и вечерта ќе ја затворат Cyrillic, стои на веб страницата на Општина Прилеп.
Додека градот беше управуван од кадар на ВМРО-ДПМНЕ имаше критики дека фестивалот на пивото е турбофолк циркус, но и оваа година ќе настапи турбо фолк пејачка од соседството.
