Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Прилеп ќе никне нова бензинска пумпа

Во Прилеп ќе никне нова бензинска пумпа
Со најновата објава на Општина Прилеп за продажба на градежно неизградено  земјиште, сопственост на Република Македонија која е дванаесета по ред се пушта во продажба парцела, соопштија од општината. Парцелата која што се наоѓа на магистралниот пат Прилеп-Битола во близина на селото Тополчани е со намена за бензиска пумпа и услужен центар (продавници за храна, сувенири и др.) Парцелата е со големина од 27070 м2 и на неа е предвидна површна за градење на повеќе објекти со површина од 9000м2. Објектите се предвидени да бидат приземни или приземје и два ката. Вкупно изградената површина по катови изнесува 17000м2 Почетната цена за надавање е 200ден/м2, а градоначалникот Ристески по повод оваа обајава истакна декаможноста за пријавување на сите заинтересирани правни и физички лица е до 16ти септември додека електронското надавање ќе се одржи на 20 септември.
Слично

Поврзани вести