Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во пресрет на седницата на ФЕД, акциите на Волстрит паднаа

Во пресрет на седницата на ФЕД, акциите на Волстрит паднаа
Во пресрет на седницата на ФЕД која, цените на акциите на Волстрит денеска паднаа. Dow Jones ослабна 36 поени, или 0,24 отсто, на 15.521 поен, S&P 500 падна 0,37 отсто на 1.685 поени, а Nasdaq 0,39 отсто, на 3.599 поени. Во очекување дека американската централна банка ќе почне да ги намалува поттикнувачките мерки, инвеститорите се многу повнимателни. Најголеми губитници, со пад од 0,8 отсто, беа акциите во финансискиот сектор, кои во последните недели значително пораснаа. За исто толку вчера паднаа и акциите на енергетскиот сектор, што е последица на падот на цената на природниот гас. Сепак, падот на цените го амортизираа вестите за преземање и спојување, заедно со соопштението на Катерпилар да купи свои акции на пазарот за милијарда долари. Благодарение на тоа, цената на акцијата на најголемиот произведувач на тешка машинерија порасна за 1,1 отсто. Продолжи и низата на солидни квартални деловни резултати. Досега деловни извештаи објавија над 50 компании од составот на S&P 500, при што 67,2 отсто ги надминаа очекувањата на аналитичарите по прашање на заработувачката, а 56 отсто по прашање на приходите. Во петок ќе биде објавен и извештајот за вработеноста во САД во јули, кој значително влијае врз берзите. ФЕД лани порача дека клучните каматни стапки ќе ги задржи на рекордно ниско ниво додека невработеноста не падне на 6,5 отсто, а тоа ниво се уште е далеку.    
Слично

Поврзани вести