Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во предизборието трошиме повеќе отколку што собираме во Буџетот

Во предизборието трошиме повеќе отколку што собираме во Буџетот
Во периодот од почетокот на оваа фискална година, па до две недели по распишувањето на изборите, вкупните остварени приходи во Буџетот изнесуваат 15,081 милијарди денари (245 милиони евра), покажа предизборниот финансиски извештај што го објави Министерството за финансии. Во истовреме, од државната каса се одлеале 23, 784 милијарди денари (386,7 милиони евра). Освен исплатата на јануарската и декемвриската плата и пензија, од постојаните резерви ви буџетот се исплатени отштети за елементарни непогоди, се плаќале стоки и услуги. Речиси 2,6 милијарди денари од овие пари се за исплата на субвенции и трансфери, а најголема ставка се исплатените субвенции за земјоделците. Околу 726 милиони денари биле потрошени за исплата на доспеани кредити и државни обврзници. Капиталните расходи од Буџетот во овој период изнесувале околу 2 милијарди денари, а најголем дел од овие пари (речиси половина) биле потрошени за градежни објекти. Министерството за финансии во извештајот нагласува дека „реализацијата на приходите и расходите во Буџетот се одвива согласно претходно планираната динамика“. Објавениот извештај, согласно обврската предвидена со последните измени во Изборниот законик, Министерството за финансии го достави и до Државната изборна комисија. Б.А.
Слично

Поврзани вести