Во пожар во Неготино изгоре комбе
Комбе попладнево изгоре во пожар во Неготино.
Пожарот се случил кај населбата Саат кула, потврдија за МИА од Територијалната противпожарна единица. Интервенирале со две возила и четири пожарникари.
„Спречивме огнот да се прошири на тракторот на сопственикот на комбето и на неговиот полски објект, на околината“, велат од противпожарната единица.
Повикаа граѓаните да бидат повнимателни, особено сега при високи температури.
фото МИА
Слично
