Во пожар изгоре дел од стан во Тетово, за среќа, нема повредени
Утрово во Тетово имаше пожар, во кој изгоре дел од стан, но за среќа немаше повредени.
Пожарот се случи утринава околу 8 часот во стан на булеварот „Маршал Тито“ спроти зелениот пазар во Тетово. Изгоре дел од стан што се наоѓа на третиот кат од зградата со пет ката и поткровје.
„Интервениравме со две возила и осум пожарникари. Пожарот беше пријавен околу 7 часот и 50 минути, а за еден час беше локализиран и ликвидиран. Пуштивме линија-црево во вода до самиот стан и интервениравме во гасење на огнот и спречување на ширење кон останатите станови. Станот е блиску до пожарната и за кратко време стигнавме до местото за интервенција“, информираше Ука Алити, командант на тетовската пожарна единица.
По гаснењето на огнот започнат е увид од страна на службениците на тетовската полиција.
