Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во последното деноноќие се регистрирани 244 оздравени од коронавирусот

Во последното деноноќие се регистрирани 244 оздравени од коронавирусот

За 24 часа во Македонија се регистрирани 244 оздравени пациенти. 

По градови во Скопје  има 110, Кавадарци – 24, Прилеп и Велес – по 17, Куманово – 12, Струмица – 9, Битола – 8, Ресен – 7, Гостивар – 6, Неготино и Берово – по 5, Тетово – 4, Штип – 3, Охрид, Кратово, Демир Капија, Виница, Радовиш и Дојран – по 2, Богданци, Крива Паланка, Кочани, Кичево и Пехчево – по 1.

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 2.549 тестирања, а регистрирани се 415 нови случаи на ковид-19 во: Скопје – 170, Прилеп – 62, Кавадарци -  32, Велес – 25, Неготино – 20, Охрид – 12, Струмица – 11, Гевгелија – 10, Куманово, Тетово и Штип – по 8, Богданци – 7, Струга – 6, Крива Паланка – 5, Кратово, Демир Капија, Кочани и Крушево – по 4, Гостивар и Кичево – по 3, Битола, Делчево и Валандово – по 2, Виница, Дебар и Демир Хисар – по 1.

Има и 19 починати од коронавирусот. 

foto freepik

Слично

Поврзани вести