Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во последното деноноќие хоспитализирани 10 пациенти поради ковид компликации

Во последното деноноќие хоспитализирани 10 пациенти поради ковид компликации

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје и во земјава има хоспитализирано 10 нови пациенти поради компликации од корона вирусот.

Во Скопје е примен еден пациенти и 9 во болниците низ земјава. Вкупно 90 лица сомнителни и потврдени за Ковид 19 се лекуваат на инфективните одделенија и тоа 26 во Скопје и 64 во ковид центрите во земјава. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 22 оздравени пациенти. Во ГОБ 8 Септември има вкупно 9 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 17 пациенти. Вкупно 64 пациенти се хоспитализирани во ковид центрите во болницитево Битола, Штип, Тетово, Велес, Куманово, Охрид, Прилеп, Гостивар, Струга, Струмица и Кичево. Сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички  места до кои има довод на кислород, соопшти Министерството за здравство.


Слично

Поврзани вести