Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВО ПОРТУГАЛИЈА ЗАМИНАА СЕДУМИНА АВГАНИСТАНЦИ: Земјата им обезбеди траен престој

ВО ПОРТУГАЛИЈА ЗАМИНАА СЕДУМИНА АВГАНИСТАНЦИ: Земјата им обезбеди траен престој

Од Македонија заминаат седумина граѓани на Авганистан кои добија траен престој во Португалија. Четири возрасни лица и три деца утринава полетаа од Меѓународниот аеродром Скопје преку Истанбул, и се шчекува во текот на денот да пристигнат во Португалија како нивно трајно одредиште.

 Станува збор за вработени во меѓународни организации и нивни семејства на кои во изминатиот период нашата земја им обезбеди привремено засолниште во рамки на меѓународната хуманитарна операција за помош на продемократското население во Авганистан кое е под закана на новата талибанска власт во земјата.

Македонија во моментов дава прибежиште на 400 граѓани од Авганистан.
Тие овде ја добиваат целата потребна поддршка додека не се обезбеди трансфер до нивната крајна дестинација. Трошоците за престојот се покриени од меѓународните организации.


Слично

Поврзани вести