Економија, финансии, бизнис

Контакт

Градежен бум во Македонија!

Градежен бум во Македонија!
Расте бројот на издадени дозволи за градба. Државниот завод за статистика објави дека во септември годинава се издадени 266 одобренија што е за 25.5% повеќе во однос на истиот месец лани. Предвидената вредност на објектите, во кои треба да има 476 станови изнесува 38,7 милиони евра што пак, е за 13.2% помалку во однос на истиот месец лани. Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 73.7% се наменети за објекти од високоградба,7.9% за објекти од нискоградба и 18.4% за реконструкција. Од вкупно 266 издадени одобренија за градба, на 210 како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 56 објекти ќе бидат изградени од деловни субјекти. Податоците на Заводот покажуваат дека стандрдно, најмногу одобренија се издадени во Скопскиот регион 68 и Полошкиот регион каде се издадени 67 градежни дозволи.
Слично

Поврзани вести