Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во понеделник куртурли, денес Собранието одлучува за разрешување на Зврлевски

Во понеделник куртурли, денес Собранието одлучува за разрешување на Зврлевски

За денеска е закажана нова седница на која ќе се расправа за разрешување на актуелниот јавен обвинител Марко Зврлевски кој важи за близок човек на претходната владејачка структура предводена од ВМРО ДПМНЕ.

Тој во понеделникот се спаси од напуштање на функцијата но денес собранието ќе решава по предлог барањето на владата.

Не е познато дали обвинителот ќе присуствува на седницата покрај фактот што има право на тоа.

Со осум гласа „за“ и еден против, Советот на јавни обвинители даде зелено светло за предлогот на Владата за разрешување на досегашниот Републички јавен обвинител Марко Зврлевски со што предлогот го потпиша и прати во Собрание генералниот секретар на Владата Драги Рашковски.

Зврлевски функцијата републички јавен обвинител ја извршуваше четири години. На оваа позиција дојде од скопското јавно обвинителство наследувајќи го дотогашниот обвинител Љупчо Шврговски. Беше единствен кандидат на огласот, а Собранието го изгласа на 21 Јануари 2013 година, во вечерните часови со 58 гласови “за“ и ниту еден против или воздржан.

На свечената заклетва Зврлевски се обврза дека ќе пристапува непристрасно и дека ќе ги почитува сите принципи и правила. 

Слично

Поврзани вести