Во поликлиника „Букурешт“ на горештина се чека по неколку часа за вакцинација
Фото: Алсат
Во регионалниот пункт за вакцинација во поликлиниката „Букурешт“ во Скопје, од страна на жителите се создаваат долги редици и чекаат неколку часа да се вакцинираат.
Граѓаните се жалат на долго чекање, особено поради жешкото топло сончево време, што го загрозува нивното здравје, пренесува Алсат ТВ.
Претходно директорот на Здравствен дом-Скопје, д-р. Виктор Исјановски за Фактор посочи дека гужвите кои се создаваат претпладне се заради тоа што граѓаните сакаат рано да завршат работа поради високите температури.
Од 12 јули на вакциналните пунктови во неколкуте скопски поликлиники започна вакцинацијата против корона вирусот без закажување термин, но се создадоа гужви од голем број граѓани кои дошле да ја примат првата доза.
Слично
