Во подрум на скопско училиште се најдени траги од крв
Пронајдени се траги од крв во подрумските простории на училиште во Скопје.
Полицијата соопшти дека вчера во 08.23 часот пристигнала пријава до СВР Скопје дека пред влез во подрумските простории на основно училиште во селото Сопиште, се пронајдени траги од крв.
„Полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода извршиле увид и бил подигнат примерок за вештачење“, соопштија од полицијата.
Досега нема пријавено повредено лице. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
Слично
