Во петок пресуда за тие што не ја признаа вината за „Двојник“
Пресудата за случајот „Двојник” e закажана за 11 јуни по денешните завршни зборови на обвинителството и одбраната на останатите тројца обвинити во овој предмет кои, за разлика од претходните седуммина, не ја признаа вината.
Станува збор за Фарук Бути, Весна Колевска и Бранислава Штипиќ.Во обвинителниот предлог се наведува дека обвинетите при злоупотреба на нивната положба прибавиле материјална корист, додека одбраната пак вели дека не е познато за лалва материјална корист станува збор.
Сега на обвинителна клупа останаа само тројца обвинети. Меѓу осудените има шест службеници во МВР и посредникот за пасоши Раиф Мифтари. Според обвинението издадени биле 215 лажни пасоши, најчесто на лица со криминално минато. Според истрагата на полицијата, лажен пасош на црниот пазар чинел и до 20 илјади евра. За ова дело најголема казна е три години издржување затвор.
