Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во пет македонски градови се почувствувани земјотреси

Во пет македонски градови се почувствувани земјотреси

Во пет македонски општини денеска се почувствувани земјотреси. 

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денеска регистрира серија од земјотреси чии епицентри се наоѓаат на 150 km јужно од Скопје во соседна Албанија и потекнуваат од епицентралното подрачје Корча.

Најсилниот земјотресот во 16 часот и 21 минути со локална Рихтерова магнитуда ML4.4, е почувствуван од населението во Охрид, Струга и Ресен со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала.

Во Битола, Гевгелија и околината земјотресот е почувствуван со интензитет од III степени.

Слично

Поврзани вести