Во пакување од памперс скриле злато вредно 19.000 евра, српските цариници ги открија
Патници во пелени сакале да прошверцуваат злато вредно 19.000 евра. За настанот детали објави српската Царина.
Српските цариници на граничниот премин Прешево спречиле двајца патници да прошверцуваат златен накит вреден над 2,2 милиони динари (околу 19.000 евра) во пелени памперс. Скоро половина килограм златни ѓердани и алки со дукати „Франц Џозеф“, како и синџири и прстени, се пронајдени во автомобил со швајцарски регистарски таблички, во кој млад брачен пар се движел од правец на Северна Македонија кон Швајцарија. Патниците рекле дека немаат што да пријават, а накитот е пронајден во неотворено пакување пелени „Памперс“, во торба под совозачкото седиште. Бидејќи вредноста на откриениот накит надминува една третина од вредноста на возилото, со судската одлука, покрај златото, трајно е одземено возилото. Тоа е проценето на повеќе од еден милион динари.
Деновиве полицијата објави дека турски државјанин со повеќе од 13 килограми злато е фатен на Табановце. Златото го скрил во автобус.