Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВО ОВОЈ ТУРИСТИЧКИ ЦЕНТАР ВО МАКЕДОНИЈА СЕ ОЧЕКУВААТ 100.000 НОЌЕВАЊА ЛЕТОВО! Добри вести пристигнуваат од градоначалникот

ВО ОВОЈ ТУРИСТИЧКИ ЦЕНТАР ВО МАКЕДОНИЈА СЕ ОЧЕКУВААТ 100.000 НОЌЕВАЊА ЛЕТОВО! Добри вести пристигнуваат од градоначалникот

Во завршна фаза се подготовките за годинашната летна сезона во Дорјан и годинава се очекуваат да се реализираат над 100 илјади ноќевања, односно вкупно 200 илјади во текот на целата година, информираше градоначалникот Анго Ангов.

Во тек е уредување на крајбрежието, парковите во Стар и Нов Дојран и хорткултурно уредување на површините.

– Дојран е подготвен за почетокот на летната сезона, иако одамна нашиот бисер не е полн со туристи само во текот не летото, туку покрај викенд туристите скоро секојдневно, преку ЈП „Тауријан“, пречекуваме странски и наши гости на кои им нудиме најразлични содржини за да ги запознаат убавините на Дојран и Езерото. Според нашите податоци, бројот на туристите кои доаѓаат на еден или повеќе денови се повеќе се зголемува и тоа ни дава за право да бидеме оптимисти и годинава да очекуваме рекорден број ноќевања, изјави градоначалникот Ангов.

Ангов додава дека зголемениот број на туристи ја зголемува и понудата од сместувачки и угостителкси објекти, а некои од нив, кои повеќе години беа затворени, сега се реновираат и треба да бидат отворени за новата сезона.

Изминатите години зголемен е и бројот на српски туристи, кои на заминување за Грција или враќање оттаму остануваат по неколку денови и го продолжуваат летувањето на брегот на Дојранското Езеро.


Слично

Поврзани вести