Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во овој регион ќе наврнат над 40 литри дожд на квадратен метар

Во овој регион ќе наврнат над 40 литри дожд на квадратен метар

Пообилни врнежи од дожд денеска ќе има во западните делови од Македонија. 

Во овој дел од земјата до сабота наутро се очекува да наврнат над 40 литри на метар квадратен, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

За време на викендот ќе има повремен дожд претежно во западните делови, а само на планините над 2000 м.н.в. ќе има повремен снег.

Од УХМР информираат дека во останатиот дел од земјава ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во сабота ќе дува и повремено засилен западен ветер, поизразен на југот и западот од земјава. Ќе настапи значително затоплување што ќе услови нагло топење на снежната покривка.

Според УХМР, доколку се јават интензивни врнежи можно е поројните дождовни води заедно со водите од стопениот снег за краток период да предизвикаат зголемување на водостојот. Во вакви ситуации на одредени места се можни појави на локални излевања.

Слично

Поврзани вести