Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во овие европски земји работниците земаат најмали плати

Во овие европски земји работниците земаат најмали плати

Ако се земат в предвид трошоците за живот, работниците во 11 земји во источна и средна Европа земаат за 944 евра помали плати од работниците во Германија. 

Најмали плати примаат работниците во Романија, Бугарија, Унгарија, Латвија и Хрватска. 

Ова го покажува истражувањето на Европскиот синдикален институт. 

Ако се смета по сектори и по степен на образование, некои кадри земаат за 1058  евра месечно помалку од своите колеги во Германија. 

Големи разлики во плати меѓу истокот и западот на Европа има во секторите градежништво, занаетчиски дејности, јавен секор, финансии. 

Мала разлика во плати има во хотелиерството, трговија на мало и административни работи. 

Се смета дека во Германија, Австрија, Холандија и скандинавските држави индустриското производство има успех токму поради добрите плати. 

Слично

Поврзани вести