Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ВО ОВАА ВЛАДА СЕ СОДРЖАНИ СИТЕ РАСИПАНИ ЕЛЕМЕНТИ НА ПРЕТХОДНИТЕ ВЛАДЕЕЊА“: Мециновиќ од „Левица“ со остра критика

„ВО ОВАА ВЛАДА СЕ СОДРЖАНИ СИТЕ РАСИПАНИ ЕЛЕМЕНТИ НА ПРЕТХОДНИТЕ ВЛАДЕЕЊА“: Мециновиќ од „Левица“ со остра критика

Пратеникот од редовите на политичката партија Левица, Амар Мециновиќ, на Седницата за избор на заменици министри, истакна дека во составот на актуелната Владата се содржани сите расипани елементи од претходните влади:

- Оваа Влада сега, дали ќе се врзе во континуитетот на продлабочување на мизеријата, допрва ќе видиме! Но, има индикации кои можат да ни посочат кој ќе биде резултатот. Тоа е дека во оваа Влада се претставници од сите претходни влади кои ги окарактеризиравте како влади кои донеле агонија за македонските граѓани!
Почнувајќи од владата на Заев, па преку владата на Груевски, од екипата на Црвенковски и на Георгиевски... Значи во оваа влада се содржани сите расипани елементи на претходните владеења! - кажа Мециновиќ.


Тој исто така посочи дека „од друга страна рековте дека ќе го поддржите и интегрирањето во ЕУ, но тоа што треба да се каже за граѓаните е дека ниедна влада не успеала да одговори на вистинските реформи кои треба да се спроведат во поглед на интеграцијата во ЕУ“. Сето ова го истакана на собраниска седница и продолжи:

- Во претходниот владин состав, само вие и ние не бевме во Влада со СДС и ДУИ. Сите ваши коалициони партнери во претходниот мандат беа во таа Влада, кои ги окарактеризиравте како ‘ДУИ и нивните полтрони’. Дали вие всушност го собравте остатокот од тие полтрони за повторно да владеете со нив - праша пратеникот од Левица.

Еве го неговото обраќање:


Фото: Принтскрин/Фејсбук

Слично

Поврзани вести