Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ВО ОВАА ДРЖАВА НЕМА ВЕЌЕ МЕСТО ЗА ВРСКИ, НЕПОТИЗАМ И ЗАШТИТА ОД ОДГОВОРНОСТ!“: Мицкоски со порака

„ВО ОВАА ДРЖАВА НЕМА ВЕЌЕ МЕСТО ЗА ВРСКИ, НЕПОТИЗАМ И ЗАШТИТА ОД ОДГОВОРНОСТ!“: Мицкоски со порака

Се сеќаваме и не смееме да заборавиме, како изгледаше нашето секојдневие пред неколку години. Криминалците се шетаа слободно, државата молчеше, а граѓаните живееја со чувство на немоќ, истакна премиерот Христијан Мицоски на одбележувањето на Денот на полицијата.
„Сакам денес, јавно и гласно да кажам:

Во оваа држава нема веќе место за врски, непотизам и заштита од одговорност. Законот важи за сите, без разлика дали се работи за обичен граѓанин, функционер или бизнисмен.

Ние денес испраќаме силна порака: нема компромис со криминалот!

Одлучни сме, како Влада, како институции, но пред сè како општество, дека оваа борба мора да се води со целосна посветеност, со вистински партнери и со чисти раце.

Вашата мисија е света, да чувате поредок, но и да вратите доверба кај народот.

Со вашата работа, посветеност и пожртвуваност, неправдата останува без простор. Таа се повлекува пред чесната, решителна и модерна полиција.

Среќен Ден на македонската полиција!“, напиша тој на Фејсбук.



Слично

Поврзани вести