ВО ОПШТИНА ВЕЛЕС: Советникoт од СДСМ, Кирил Гајдов си поднесе оставка
Советник во Општина Велес од СДСМ поднесе оставка од функцијата.
Кирил Гајдов, член на Советот на Општина Велес од СДСМ, си поднесе неотповиклива оставка од советничката функција. Причината за поднесената оставка, Гајдов вели дека е поради поразот на неговата партија на претседателските и парламентарните избори.
„Причината е повеќе од очигледна и јасна. Кога човек е долги години во политика и кога ќе биде поразен, како што јас и мојата политичка опција сме поразени на изборите кои поминаа, сфаќа дека ја изгубил поддршката од граѓаните на Велес и се повлекува со цел да овозможи нови, млади или помалку искусни кадри да се профилираат, да се пронајдат себеси во некои идни времиња“, вели Гајдов во изјава за порталот „Дума“.
Суштината, според него, е и малку подлабока од причина што многу работи, како што вели, се искажаа во кампањата, се потиснаа, многу работи се пласираа.
фото Фејсбук
