Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Општина Центар на 31 август истекува рокот за барања за субвенционирање на велосипеди

Во Општина Центар на 31 август истекува рокот за барања за субвенционирање на велосипеди

Општина Центар ги известува жителите и јавноста дека 31-ви август (петок), е последниот ден за поднесување на барања за субвенционирање на велосипеди.

Проектот “Цел Центар на Точак“, со кој се субвенционираат до 3000 денари за купен велосипед, се спроведува 5-та година по ред и со ова, општината уште еднаш ја потврдува заложбата за поздрава и почиста животна средина.

Сите жители на Центар имаат можност до петок (31.8.2018), да ги достават потребните документи во архивата на општината (барака бр. 6), од 9:00 до 15:00 часот.

Слично

Поврзани вести