ВО ОКТОМВРИ: Увезени само 22 отсто од потрошената струја
Според податоците на Државниот завод за статистика, во октомври 2018 година, во Република Македонија, вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесува: 591.053 Мвч електрична енергија, 24647 мил. нм3 природен гас, 445.569 тони јаглен и 86.648 тони нафтени продукти.
Бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 78,2 отсто во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 94,3 отсто од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на електрична енергија.
Слично
